Македонскиот шампион Вардар го доживеа првиот пораз во Суперлигата оваа сезона, откако беше посрамен во Битола и загуби од Еурофарм Пелистер 2 со 27-26.
„Црвено-црните“ беа непрепознатливи и никако не можеа да направат камбек во натпреварот.
Иако во финишот се чинеше дека може да направат нешто повеќе, сепак победата заслужено остана во Битола.
Среќа за вардарци што доаѓа ЕХФ неделата и пауза, па ќе можат да се соземат од тешкиот пораз.