Репрезентацијата на Холандија ја оствари втората победа во квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2024, откако на свој терен беше ја совлада Хрватска, триумфираше со 32:27.
Холандија на првите два квалификациски натпревари, против Белгија и Грција имаше пловичен учинок, победа и пораз, така што денешниот триумф над Хрватска покажа дека ,,лалињата” се во добра форма пред континенталниот собир.
Хрватска на овој дуел беше предводена од новиот селектор Горан Перковац, кој со пораз стартуваше на селекторската функција.
Почетокот на натпреварот донесе израмнета борба, двете репрезентации имаа свои подеми и падови, но избраниците на Штафан Олсон со агресивна одбрана и со расположениот Смитс, речиси во најголемиот дел од првите 30 минути одржуваа резултатска предност, која начесто беше два до три гола разлика.
По нерешениот резултат од 4:4, домаќините влегоа во ритам, се одлепија на 6:4, кон средината на првото полувреме зголемија на 9:6, беа во уште неколку наврати со максималното водство од ,,плус три”, но при финишот на правиот дел хрватската селекција направи целосен пресврт.
Избраниците на Перковац откако имаа негатива од 12:10, успеаја со два гола во низа да израмнат на 12:12, а во 27 минута по нерешените 13:13, гостите имаа шанса да поведат. Домаќините се консолидираа, до крајот на полувремето постигнаа уште два гола, не дозволија ,,коцкестите” да постигнат гол и на полувреме заминаа со минимална предност од 15:13.
Холанѓаните на стартот на вториот дел реализираа двапати, се одлепија на 17:13 и до крајот на натпреварот беа во водство. Домаќините за четири до пет минути игра ја решија Хрватска и во 35 дојдоа до ,,плус седум” 21:14. До крајот гостите немаа сили за надигрување, влегоа во поголема криза и дозволија Холандија да има целосна доминација на теренот.
Составот на Олсон во еден момент се опушти поради високата разлика, гостите успеаја само да се доближат на 24:21, додека во последниот период од натпреварот домашната селекција имаше повеќе од играта и рутински дојде до втор квалификациски триумф за пласман на континенталниот собир во 2024 година.
Најефикасен во репрезентацијата на Холандија беше Кај Смитс со осум погодоци. Во репрезентацијата на Хрватска се истакнаа Игор Карачиќ, Тин Лучин и Мануел Штрлек со по четири погодоци.
Во натпревар од ЕХФ Евро Купот, репрезентацијата на Шведска ја победи Шпанија со 33:30.