Репрезентацијата на Франција, која е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во ноември, на кое нашата држава заедно со Црна Гора и Словенија ќе бидат домаќините на континенталниот собир, ќе настапи без една од најдобрите ракометарки во својот состав.
Станува збор за довчерашниот среден бек на Мец, Мелине Ноканди, која поради повреда на левото колено ќе паузира најмалку еден месец и нема да може да им помогне на своите колешки на Европското првенство во ноември.
Ракометарката на Иси Париз во натпревар од домашниот шампионат заработи повреда на левото колено, а лекарските прегледи покажале дека се работи за сериозна повреда, која одреден временски период ќе ја оддалечи од ракометните терени.
Франција освен со Македонија ќе игра и со репрезентациите на Холандија и Романија во рамки од групата Ц. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза на ЕП.
Избраничките на Оливие Крумболц натпреварот против Македонија ќе го одиграат на 5 ноември со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.