Екипите на Нант и Висла Плоцк во реванш натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите одиграа неизвесен дуел на кој патникот во четвртфиналето се одлучуваше на пенали.
Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 25:25, а ниту на првиот дуел, кој беше одигран во Плоцк немаше победник откако двете екипи одиграа нерешено, 32:32.
Во пенал серијата подобро се снајде Висла Плоцк и со голот на Крајевски беа поставени конечните 30:29 за голема радост на клубот од Полска, кој за првпат ќе игра четвртфинале во ЛШ.
Нант од почетокот до 40 минута беше во водство, на моменти водеше со максимални шест гола разлика и на пауза замина со активен резултат од 14:11.
Домаќинот откако имаше ,,плус три” 17:14, гостите од Плоцк со серија од 4:0 направија пресврт и го свртија резултатот во своја корист. Избраниците на Сабате по 40 минути игра дојдоа до 18:17, но домаќините бргу вратија за 18:18. Нерешено беше во 45 минута, 19:19, по што следуваа два гола во низа на гостите за предност од 21:19.
Висла Плоцк на речиси осум минути пред крајот имаше 22:20 и низ целата бркотница низ теренот, домаќинот повторно успеа да се врати во игра, но и да поведе со 23:22. Гостите во 55 минута израмнија на 23:23, минута подоцна реализираше Дашек за водство на полскиот вицепрвак од 24:23.
Ракометарите на Висла Плоцк зголемија и на 25:23 и во последната минута примија два гола за нерешен исход во регуларниот дел, 25:25. Тоа значеше дека патникот за четвртфиналето ќе се одлучува на пенали.
Во пенал-рулетот подобра и повќе пофокусирана беше екипата на Висла Плоцк, која во четвртфиналето силите ќе ги одмери со бундеслигашот Магдебург.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и тимот на Кил, додека останатите два патници меѓу најдобрите осум екипи ќе бидат познати по утрешните дуели меѓу ГОГ и Алборг, односно Веспрем и ПИК Сегед.
Динамо приреди сензација во Германија, но Кил оди на мегдан на ПСЖ!