Полскиот шампион Келце во иднина нема да биде финансиран од главниот спонзор – компанија ВИВЕ.
Ова го соопшти претседателот Бертус Сервас на денешната прес-конференција, на која обелодени дека тој сепак ќе остане во клубот.
„Причината што ВИВЕ нема повеќе да биде спонзор се едноставни. Нашата компанија беше сериозно погодена од корона кризата, продавниците се затворени, па јас морам да бидам одговорен менаџер и да се грижам за илјадниците вработени“, вели Сервас.
ВИВЕ е компанија која се занимава со производство и продажба на облека, но нивната ера заврши во полскиот првак.