Повеќе полски медиуми објавија изненадувачка вест во текот на денешниот ден – Бертус Сервас заминува од Келце.
Претседателот на клубот и креатор на моќната полска екипа, по 21 година најверојатно ќе замине од клубот.
Со подеми и падови, успешно го водеше клубот на европска сцена, стигна до титулата во Лигата на шампионите во 2016 година, а ланската и оваа сезона два пати играше во финалето.
Дали и како ова ќе се одрази на понатамошното функционирање на Келце, останува да се види во следниот период.
Полските медиуми нагласуваат дека се работи за неофицијална информација, која треба да биде потврдена вечерва, кога ракометарите и стручниот штаб на клубот ќе имаат средба со навивачите на плоштадот во Келце од 18:30 часот.