Македонија славеше над Швајцарија во Шафхуазен со 25-23 и со една нога веќе се најде на Европското првенство во Унгаарија и Словачка во 2022 година.
Најдобриот швајцарски репрезентативец, Енди Шмид, беше многу разочаран по поразот што им ги намали шансите за континенталниот собир.
„Ова е мое најголемо разочарување кога се работи за националниот тим во последните неколку години. Повеќе бевме исплашени дека ќе загубиме отколку што сакавме да победиме. Не можевме да се носиме со притисокот. Мислам дека го загубивме мечот во првото полувреме и едноставно не заслуживме да славиме против Македонија. Знаеме дека можеме да победиме во реваншот, но притисокот ќе биде голем, особено ако фановите на Балканот се вратат во салите повторно“, вели Шмид.
Возвратниот дуел меѓу Македонија и Швајцарија ќе се игра во мај 2021 година во последниот трет циклус од квалификациите за ЕП.