Швајцарската федерација објави дека легендарниот Енди Шмид ќе ја преземе репрезентацијата од 2024 година.
Тој ја завршува играчката кариера по крајот на следната сезона во составот на Криенс Луцерн и веднаш од играчи преминува во тренери.
Овој потег на швајцарската федерација е сличен како оној на РФМ, кога му ја довери селекторската функција на Кире Лазаров додека тој беше активен играч.
Шмид потпиша договор на четири години и ќе ја води Швајцарија и на Европското првенство на кое ќе бидат домаќини заедно со Португалија и Шпанија во 2028 година.
Средниот бек ќе ја преземе функцијата од актуелниот селектор Михаел Сутер, а покрај за тимот од Луцерн, Шмид играше за Амичитија Цирих, Силкеборг и Рајн Некар Левен.
Швајцарија е пред пласман на ЕП 2024 во Геерманија, откако во групата со Унгарија, Грузија и Литванија има две победи на два меча.