Шлаканица за унгарскиот гигант – Веспрем зариба кај Мотор!

Ракометарите на Мотор Запорожје оствари значајна победа во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совладаа унгарскиот гигант Веспрем, кој играше Ненадиќ со 29-27.

Бокан, Шебетиќ и Денисов отворија со три гола и донесоа 3-0 за Мотор Запорожје, а унгарскиот гигант  првиот гоол го даде преку Лауге по девет минути игра. Избраниците на Момир Илиќ израмнија на 6-6, но следуваше голем пад во нивната игра и водство на домашните од 10-6. До крајот на првиот дел гостите сепак ја преполовија негативата, откако Мае погоди 14-12 од пенал во последните моменти.

Украинскиот првак не попушташе во ритамот што самиот го наметна ниту во второто полувреме. Веспрем за момент намали на 21-20 во 45 минута, но немаше сили за комплетен камбек во натпреварот.

Домашните повторно се одлепија на сигурни плус четири, 25-21, беше и 29-25, пред Штрлек и Маргуч да намалат на 29-27 и да внест неизвесност во последните две минути. Сепак Македа не погоди и потоа домашните рутински ја задржаа топката до крајот за голем триумф.

Денисов и Хориха беа најдобри стрелци кај Мотор со по шест гола, додека голманот Комок забележа 13 интервенции. Исто толку удари одбрани и Коралес, а најдобар стрелец кај Веспрем беше Мае со шест погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064