Шкуринскиј: Му се восхитував на Скубе во Вардар – асистираше, погодуваше…

Раководството на Мешков Брест прави големи промени во пресрет на наредната сезона, голем број играчи заминуваат но и пристигнуваат нивни замени. Меѓу другите во Брест пристигнува и довчерашниот двигател на играта на Вардар, Сташ Скубе.

Левиот бек на Мешков Брест, Александар Шкуринскиј во екипата е од 2017 година, а за рускиот сајт „Брз центар“ ги коментираше новите ракометари во неговиот тим.

„Имаме врвни засилувања, Павел Пачковски е многу добар играч. Тој е одлично зсилување на позицијата на која без замена играше Марко Паниќ. Нема потреба да се зборува многу за Сташ Скубе, неговото доаѓање на средната бековкса позиција е одлична вест за нас. Ги гледав натпреварите на Вардар и се восхитував на неговата игра, погодоува, асистира…Владимир Врањеш е пикер и добар во одбрана, со него во тимот можеби нема да има потреба да ги правиме измените за одбрана и напад што честопати го правевме. Промените во екипата изгледаат добро но треба да се пренесе и одрази на играта, засега ова изгледа многу добро“, коментираше Шкуринскиј.

Од Мешков засега заминуваат Дарко Ѓукиќ, Бранко Канкараш, Даниел Андреев, Вилијам Акамбре, Немања Обрадовиќ и Артем Кулак, сепак белорускиот шампион активно бара и носи играчи кои ќе бидат соодветни замени за сите испразнети места во тимот.