Репрезентацијата на Русија за десетина дена ќе ги започне подготовките за пријателските натпревари со Белорусија. Овие дуели ќе се играат на 5. и 6. ноември во Минск што ќе бидат први натпревари за Русите после седум месеци.
За овој циклус натпревари селекторот на Русија, Велимир Петковиќ повика 22 ракометари. Во интерју за сајтот на Ракометната федерација на Русија говореше за изборот на играчите и планот за подготовките.
„Шишкарев е мојот капитен, тој е прекрасен и одличен играч. Тој останува капитен на репрезентацијата на Русија. Редовно комуницираме и се согласивме да не го повикаме на оваа средба. Шишкарев пропушти голем дел од летните тренинзи и затоа е подобро да остане во клубот. Нема потреба да го гледам неговото издание. Знам колку е професионален и со нептрпение ја очекувам нашата соработка на Европско првенство“, вели селекторот Петковиќ.
Даниел Шишкарев заздрави од повредата и се врати на терените, но селекторот на Русија, Велимир Петковиќ најверојатно ке го штеди колку што може повеќе во пресрет на првенството во јануари.