Шишкарев заврши со пауза, веќе е во Веспрем (ФОТО)

Ракометарот кој до пред некој месец го носеше дресот на Вардар, Данил Шишкарев почна со подготовки со својот нов тим Веспрем и веќе се адаптира на новите услови.

Со оглед на тоа што во оваа екипа има голем број од поранешни членови на „црвено-црните“ сосема очекувано тој нема да има никаков проблем за адаптирање односно лесно ќе се навикне на новите услови.

И на фотографијата подолу може да се види дека е во друштво на поранешниот кондициски тренер на Вардар, а сега на Веспрем, Марија Лојаница така што речиси сè е исто како пред 2-3 години, но само местото е сменето.

Шишкарев во Веспрем ќе биде под водство на Давид Дејвис, а тука се и некогашните членови на Вардар: Борозан, Мораеш, Манасков и Македа. Го нема Штербик, кој се пензионираше, но тој би требало да биде и понатаму во клубот.