Екипата на Шиофок имаше одлична сезона во првенството на Унгарија и успеа да триумфира над најголемите конкуренти Ѓер и Ференцварош.
Шиофок се наоѓаше на втората позиција на табелата со добри шанси за пласман во Лигата на шампионите следната година, но првенството беше поништено, па тие останаа без место во ЛШ.
Една од главните играчи во изминатата сезона беше поранешната ракометарка на Вардар од ѕвезедениот тим, Адреа Кобетиќ која на македонската публика и е попозната како Пенезиќ. Нејзините најави за крај на кариерата по крајот на сезоната можеби нема да остварат.
Шиофок го објави ростерот за наредната сезона во кој има 20 места, а пополнети се 19. Тоа место е на левата бековска позиција и се чини дека раководството на овој тим ќе направи нов обид да ја врати екс вардарката од пензија.