Ракометарите на Преспа прославија победа во четвртото коло од прволигашкиот плеј-аут над Бисинов со 29-22.
Повеќе од половина од погодоците за домашниот тим ги постигнаа Филип Шиклевски и Били Мишевски, кои дадоа девет, односно осум гола.
Велешани дадоа добар отпор во првиот дел, во повеќе наврати и водеа, но на пауза се замина со нерешено, 12-12.
Во второто полувреме се играше гол за гол до 16-16, и потоа следуваш клучната серија на Преспа од три гола за 19-16.
Таквата предност домашните не ја испуштија до крајот и стигна до висока победа од седум погодоци.
Најдобар стрелец во гостинската екипа беше