Шиклевски даде 11 гола, Преспа славеше против Партизан Гевгелија

Тимот на Преспа славеше против Партизан Гевгелија со 31-25 во натпревар од 2 коло од прволигашката конкуренција.

Домашните во Ресен предводени од левото крило Филип Шиклевски без поголеми проблеми ги освоија бодовите.

По првото полувреме ресенчани имаа предност од шест гола, 15-9, а во вториот дел се што направија гостите беше тоа што во неколку наврати ја намалија негативата до четири разлика.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Филип Шиклевски со 11 погодоци, додека по пет пати погодија Бојан Поповски и Џанер Шабединовски. Во составот на Партизан Гевгелија се истакна Димитар Минов со десет гола.