Швеѓаните ја имаа победата в џеб, ама скапо платија избрзан шут во финишот (ВИДЕО)

Шведска и Белорусија одиграа многу интересен натпревар во првото коло од главната рунда на Светското првенство во Египет кој заврши без победник 26:26. Иако во првото полувреме Шведска имаше негатива од дури осум гола во завршницата можеше да стигне до победата. Сепак Белорусија испушти огромна позитива и во финишот се спасуваше. Швеѓаните промашија напад за два плус во последната минута за што беа казнети. Неизвесната завршница погледнете ја во следното видео...