Репрезентацијата на Шведска во првиот натпревар од главната фаза на Европското првенство славеше против едно од изненадувањата на ЕП, Русија, со резултат 29:23 во рамките од втората група.
Во првото и второто полувреме доминацијата на терен ја имаше репрезентацијата на Шведска. По израмнетиот почеток, 2:2, следуваше брза игра од страна на Швеѓаните, кои со погодоците на Ване и неколку одбрани на Паличка, започнаа да создаваат солидно водство до првата половина од првиот дел.
Избраниците на Глен Солберг имаа активен резултат од 5:2, 6:3 и 7:4. Ракометарите на Русија од 15. минута започнаа да играат подисциплинирано во своите напади и одбрана. Санталов и Ермаков ја одржуваа Русија во резултатска игра до крајот на првото полувреме.
По падот на играта во редовите на Шведска, главно се играше гол за гол и резултатот најчесто беше нерешен. Сепак, ракометарите на Шведска во последните минути од првото полувреме со серија од 4:0 се одлепија на 16:12, а на пауза заминаа со водство од плус три, 16:13.
Ракометарите на Велимир Петковиќ седум минути во вториот дел беа без постигнат погодок. Тоа беше главна причина Шведска повторно да започне да создава сериозна позитива и по десет минути игра во второто полувреме водството на Швеѓаните беше 20:15.
На десет минути пред крајот резултатот беше 24:20 за Шведска. Секој обид на Русија за камбек на натпреварот завршуваше без успех. Шведска имаше лесна завршница и во последните минути успеа да го надополни своето водство за конечни 29:23.
Незадржлив на теренот беше Хампус Ване со девет погодоци од десет обиди. Во Русија се истакна Александар Ермаков со пет погодоци.
ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА