Швеѓаните веднаш реагираа – место уапсениот Винклунд, во Скопје доаѓа селекторот на сениорките!

Ракометната федерација на Шведска експресно најде нов селектор на кадетската репрезентација, која ќе учествува на Светското првенство во Македонија. Младите ракометарки на Шведска ќе бидат предводени од селекторот на шведската сениорска репрезентација, Томас Акснер.

Досегашниот селектор на кадетките, Портус Вард Винклунд, кој денес на пат за Македонија беше уапсен на аеродромот во Копенхаген, откако се пошегувал дека носи бомба во својот багаж, доби отказ.

Челниците на ракометната федерација на Шведска одлучија Портус Вард Винклунд да биде суспендиран и на негово место, привремено го назначија искусниот селектор на сениорките, Томас Акснер.

Шведска во првото коло на СП, кое ќе стартува утре, ќе игра против репрезентацијата на Исланд, во рамки од групата А. Најдобрите две репрезентации од оваа група ќе вкрстат со првопласираната и второпласираната репрезентација од групата Б, во која се наоѓа и Македонија.

На пат кон Македонија: Уапсен селекторот на Шведска!

 

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД ЗА СП: Македонија е домаќин на најдобрите млади ракометарки од светот