Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.
На дуелот меѓу Веспрем и Вардар, делегирани се шведските арбитри Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик.
Делегат на натпреварот ќе биде Татјана Медвед од Србија, некогашна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, која беше дел и од „црвено-црното“ семејство.
Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра во „Веспрем Арена“, в среда на 6 април со почеток од 18:45 часот.