Шведскиот јунак ја откри тајната: Имав среќа што изедов малку повеќе кајгана…

Шведска обезбеди место во финалето на Европското првенство во Унгарија и Словачка по драматичниот натпревар со Франција.

Скандинавците победија со 34-33, а еден од јунаците беше голманот Андреас Паличка, кој запре зицер на Фабрегас во последните секунди.

„Имав среќа што изедов малку повеќе кајгана, па го одбранив ударот. Одев на интуиција, никој не е посреќен од мене. Потоа, само видов дека има уште седум секунди и знаев дека е готово. Една од моите предности е енергијата. Секогаш ја имам, зашто доаѓа од срцето. Имам голема страст за ракомет и за Шведска.“, изјави Паличка.

Ривал на Шведска во финалето ќе биде Шпанија, која трумфираше над светскиот првак Данска.