Унгарија и Шведска одиграа цврст и борбен натпревар на кој победата беше поголем императив за Унгарцита. Со триумф на овој дуел Унгарците се доближуваа на чекор до пласман во полуфиналето, но претрпеа пораз од 18:24.
Натпреварот почна со многу слаба реализација на двете страни, а во голема мера за тоа придонесоа и голманите кои имаа свој ден. Веќе во 13. минута Роланд Миклер имаше шест интервенции од девет упатени удари кон неговиот гол, а во 25. минута голманите на двете страни имаа неверојатен процент на одбрани. Миклер имаше 60 проценти одбранети удари додека Апелгрин на другата страна беше на 50 проценти.
Во поголемиот дел од првото полувреме резултатот беше израмнет, а двете селекции имаа во неколку наврати минимална предност. Неефикасното прво полувреме заврши со предност на Шведска од 10:9.
Швеѓаните предноста од првиот дел сигурно ја чуваа и на почетоткот на второто полуврема, пред се благодарение на цврстата одбрана. На другата страна супер расположениот Микелр не дозволуваше Шведска да се одлепи.
Унгарија постојано беше на минус еден или нерешено сè до 50. минута кога поведоа со два гола предност кога Готфритсон погоди за 20:18 водство на Шведска. Неколкуте грешки во нападите на Унгарија не ги искористија Швеѓаните да го решат натпреварот на десет минути пред крајот.
Во завршниот дел Шведска влезе со предност, за првпат една екипа имаше три позитива во 55. минута кога повторно Готфритсон постигна гол кој ја најави победата. До крајот на дуелот домаќинот успешно го приведе натпреварот до крај за убедлива победа од 24:18, според развојојт на настаните во текот на целиот меч.
Најефикасни во репрезентацијата на Шведска беа Готфритсон и Пелас со по пет погодоци, а Апелгрин собра 11 интервенции. За репрезентацијата на Унгарија, Сита постигна четири гола, а Мате и Банхиди стрелаа по трипати. Миклер беше фантастичен на голот со 14 интервенции.
Со овој пораз Унгарија не ги губи шансите за пласман во полуфинале, доколку утре ја совлада Португалија, а Словенија загуби од Норвешка.