Шведска и Русија во меѓусебен дуел одлучуваа која репрезентација ќе оди во четвртфиналето. Швеѓаните одиграа фантастично и неочекувано ја декласираа Русија нанаесувајќи и тежок поразо со 34:20.
Уште од самиот старт Шведска беше на високо ниво, поведоа со 3:0, а многу брзо потоа беше и 8:2. Русите немаа решение во нападите, а дополнителни проблеми им создаваше расположениот Паличка кој бранеше се.
Доминацијата на скандинавската репрезентација продолжи до крајот на првото полувреме кога веќе обезбедија висока предност и само чудо можеше да ги спаси Русите од пораз. По 30 минути игра беше девет предност за Шведска, 17:8.
Ништо не се промени ниту во продолжението од натпрeварот. Швеѓаните играа максимално прецизно, секоја грешка на Русите беше казнета. Што и да се обидеше да смени селекторот на Русија, Велимир Петковиќ не даваше рeзултат.
До крајот на дуелот Швеѓаните само ја зголемуваа предноста и триумфираа со огромни 14 разлика. Оваа победа за нив значеше пласман во нокаут фазата, додека Русите го завршија настапот на првенството.