Еден од најдобрите шведски ракометари, Хампус Ване, би можел на лето да се пресели во европскиот шампион Барселона.
Според „Handball leaks“, Ване нема да го продолжи договорот со бундеслигашот Фленсбург, кој му завршува на крајот на оваа сезона.
Шведското лево крило би требало да биде замена за Анхел Фернандез, кој има договор со Барса до крајот на оваа сезона.
Фленсбург ќе остане со Емил Јакобсен на левата крилна позиција, а тој игра во одлична форма сезонава.
Ване настапува во бундеслигашот од 2013 година и досега има постигнато 642 погодоци.