Репрезентацијата на Шведска оствари нова победа во главната фаза на Европското првенство откако ја совлада репрезентацијата на Германија со 25:21 и се доближи до пласман во полуфиналето.
Шведска го отвори резултатот и од старт одржуваше позитива. Готфритсон и Ване реализираа за првпат три разлика во 6. минута од 7:4. До крај на првиот дел Германија не успеа ниту да стигне до израмнување и на одмор имаше минус два, 10:12.
Германија играше добро на почетокот на второто полувреме и во 39. минута стигна до израмнување на 14:14. Во наредните минути Гемранците имаа три напади за прво водство, но не реализираа. Шведска потоа со головите на Класбогард и Бергндал повторно беше на плус два.
Во продолжението Швеѓаните ја стабилизираа играта и го контролираа резултатот. Веќе во 56. минута беше познат победникот кога Готфритсон зголеми на 23:18. Оваа предност беше доволна за конечен триумф на скандинавскиот тим.
Уште еднаш најефикасен во составот на Шведкса беше Хампус Ване со шест погодоци, додека по три постигнаа Сандел, Готфритсон, Лагергрен и Бергендал. Во тимот на Германија прв стрелец беше Јулиан Костер со четири гола. Во последното коло Шведска ќе игра против Норвешка, а Германија против Русија.
ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА