Коронавирусот се уште создава проблеми за репрезентациите пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Селекторот на Шведска, Глен Солберг, остана без леви крила, откако поради коронавирусот од комбинација барем за стартните натпревари, отпаднаа Хампус Ване и Лукас Пелас.
Ване е најдобриот стрелец во скандинавската селекција, па тоа би можело да биде проблем. Сепак Солберг засега има едно лево крило на располагање, Емил Мелегард, а доколку има потреба може да се повикаат и оние од поширокиот список.
Таму се крилото на ГОГ Гудме, Џери Толбринг и крилото на Вецлар, Емил Френд Офорс. Шведска се наоѓа во група со Шпанија, Босна и Херцеговина и Чешка и ќе игра во Братислава.
По еден позитивен случај пријавија и селекциите на Холандија и Литванија.