Селекцијата на Шведска стартуваше со убедлива победа на Европското првенство против ослабената Босна и Херцеговина.
Швеѓаните славеа со 30-18. Уште на стартот си го фатија редот, поведоа со 5-1 и јасно ставија до знаење каков тек ќе има натпреварот.
Во првиот дел беше во повеќе наврати плус седум за избраниците на Глен Солберг, а на пауза се замина со 17-11.
Второто полувреме беше само формалност и само се очекуваше конечната разлика во корист на Шведска.
На крајот убедлив триумф со 12 голови разлика. Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ даде еден погодок против скандинавската селекција.
ЕП 2022 – ГРУПА Е (ТАБЕЛА)