Репрезентацијата на Шведска е денешен ривал за Македонија на Светското првенство во Египет, а ова е селекција која е добро позната.
Денешниот дуел ќе биде под број четири бидејќи досега трипати ги одмерувале силите од кои само еднаш на големо натреварување.
Првата средба меѓу Македонија и Шведска беше на турнир во Хрватска во 1998 година. Тогаш Швеѓаните победија со 28:17.
Вторпат се сретнаа на Европското првенство во Србија во 2012 година. На тој шампионат исто така на стартот на турнирот беше одигран интересен натпревар кој заврши со поделба на пленот после 26:26. Тогаш Македонија играше буквално како на домашен терен и тоа првенство го финишираше на 5. позиција.
Неколку месеци подоцна Македонија и Шведска играа во квалификациите за Олимписките игри. На тој дуел одигран во Шведска беше претрпен пораз од 23:27.
Денеска Македонија ќе се обиде да дојде до првиот триумф против Швеѓаните така што ова е шанса за убав резултат и добар почеток на Светското првенство.