Репрезентациите на Франција и Швајцарија одигра максимално израмнет и неизвесен натпревар во 3. коло од групата Е, а после голема борба и неколку пресврти на крајот триколорите стигнаа до победата со 25:24.
Ова беше дуел кој беше шанса за Швајцарија да го потврди пласманот во главната фаза, а за Франција можност со максимални три победи да оди во следната рунда. Французите ја остварија целта и продолжуваат во главната рунда со максимален број бодови.
Почетокот им припадна на Французите кои отворија со 2:0, но Швајцарија брзо се врати на нерешено. Од 5:5 следуваше серија на Швајцарија од 3:0 и тие имаа водство за првпат на овој дуел. Французите не дозволија противникот да се одлепи премногу, а во последната третина од првиот дел повторно се влезе со израмнет резултат. Франција успеа да го врати водството, но за кратко и после 30 минути игра беше израмнето 14:14.
Неизвесноста продолжи и во второто полувреме, а Франција постојано беше во позитива. Тоа најчесто беше еден или два погодока. Мем и Ричардсон ја одржуваа својата репрезетанција во предност, а Шмид и Портнер не дозволуваа противникот на го реши мечот. Во 50. минута повторно Швајцарија беше во водство од еден гол и натпреварот влезе во драматична завршница.
Портнер успеа да сопре зицер на Абало при нерешен резултат, но на спротивната страна Швајцарците не го искористија тоа. Во финишот Венсан Жерард имаше клучни две интервенции кои ја направија разликата за победникот на мечот. И покрај тоа Швајцарија имаше напад за нерешено, но не успеа да украде бод на фаворитот.
Во репрезентацијата на Швајцарија, Едни Шмид беше прв стрелец со десет гола и беше прогласен за играч натпреварот. Голманите Жерар за Франција и Портнер за Швајцарија имаа исто така одлични изданија на ово дуел. Французинот заврши со десет, а Швајцарецот со 12 интервенции.