Младинската репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија.
Македонија денес беше убедливо поразена од Швајцарија со 34:26 (19:11). Претходно, подобра од Македонија беше домашна селекција, која триумфираше со 35:29.
Швајцарија уште на почетокот ја обезбеди победата, поведе со 6:1, лесно ги казнуваше грешките на ракометарките на Дамчевска, кои веќе капитулираа во првиот дел и немаа сили за нешто повеќе во денешниот натпревар.
Младинките на Македонија утре во последниот дуел против Србија ќе посакуваат со победа да го затворат настапот на „Трофеј Карпати“.
Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за Европското младинско првенство 2023.
Нашата репрезентација претходно настапи на силниот турнир „Четири нации“ во унгарскиот град Дабас.