Шах-мат во два потега: Мајсторија на Кондев, даде гол со шрауба во скок (ВИДЕО)

Екипата на Тиквеш дојде до победа од 31:24 против Скопје 2020 во 19. коло од Супер машката лига, па кавадарчани се на добар пат да се обезбеди место во плеј-офот во оваа сезона. Тиквеш игра во добра форма, а денеска победата беше обезбедена рано. Тоа отвори простор и за атракција, а таа беше крунисана со убав погодок. На асистенција на голманот Александар Стојановски, левото крило Дарко Кондев погоди со шрауба. Убав погодок, кој вреди да се погледне!