Едно од најдобрите крила во историјата на Барселона, Рафаео Гихоса е нов тренер на тимот на Ал Араби од Катар, а ова значи дека ќе има нова средба со својот поранешен соиграч од Барселона, ветеранот на голот, Даниел Шариќ.
Гихоса доаѓа во тим кој сака повисок пласман во првенството на Катар. Тој доаѓа како спасител на тимот кој сезонава финишираше на 5. место. Ќе има сериозна задача бидејќи се работи за екипа од Катар, но веќе има искуство со работа надвор од Шпанија бидејќи од 2013 до 2015 година беше на кормилото на екипа од Иран.
Последната задача како тренер ја имаше во Адемар каде што беше од 2015 година до април 2019. Оттогаш беше во пауза, па сега одново се враќа на работата.
„Се работи за одличен тим. Сезонава не беше најдобро, но тоа е шампионот на Азискиот куп и една од најдобрите екипи во Катар. Голема помош за да се одлучам за оваа работа имав и од Валеро Ривера кој ме посоветува како тренер“, изјави Гихоса.
Се очекува од него да го крене нивото на тимот, а како ќе се движат работите. Инаку, пандемијата со коронавирусот го прекина првенството на Катар, па тоа допринесе за тимот да не се најде на првото место на крајот од сезоната.