Светската ракометна федерација, откако реши да го зголеми бројот на учесниците на сениорските Светски првенства од 24 на 32, истото ќе се случи и во кадетска и младинска конкуренција.
Европските селекции можат да стигнат до СП преку Европското првенство, а Македонија е дел од ЕХФ шампионатите.
Сепак ЕХФ ќе воведе ново натпреварување од 2021 година, нешто налик на квалификациски турнир за СП, на кој ќе играат најдобрите селекции од ЕХФ шампионатите и најслабите од ЕП кои не обезбедиле претходно место на Мундијал.
Тоа значи дека Македонија, во кадетска и младинска конкуренција, иако нема да игра на ЕП 2020, ќе може по потежок пат да стигне до Светските првенства во Грција (кадети) и Унгарија (младинци).