Екипата на Шампион го запиша петтиот триумф во новата натпреварувачка сезона од Женската лига, откако на свој терен триумфираше против ,,фенерџијата” Спартак со 30:24 во натпревар од групата А.
Иако Спартак во најголемиот дел од натпреварот беше во водство, сепак, во вторите 30 минути домаќинките успеаја да направат пресврт и да ги освојат бодовите. Избраничките на Велимир Мицевски на пауза имаа активен резултат од 15:12 и во продолжението до 45 минута беа во резултатска предност.
Откако Спартак имаше ,,плус три” 17:14, домаќинките со серија од 3:0 израмнија на 17:17. Гостинската екипа од Кисела Вода попушти во финишот, влезе во криза, која целосно беше искористена од домашниот табор и не успеа да се израдува на првата победа во новата сезона.
По водството на Спартак од 22:20, следуваше одлична серија од 5:0 на Шампион за целосен пресврт и водство од 25:21. Тука веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите од денешниот дуел бидејќи за гостинките немаше време за камбек.