Шампион со девет играчи украде бод од Кичево

Во неизвесен натревар од 2. коло во плеј-аут конкуренцијата од Првата лига екипите на Кичево и Шампион одиграа без победник 28:28 и освоија по еден бод. Гостинскиот тим на Шампион настапи со деве играчи, но во финишот успеа да избегне пораз.

На почетокот домаќините имаа го имаа водството, но тоа беше еден или два гола, а Кичево брзо се врати и го презема кога поведе со 5:7. До крај на првиот дел се играше доста израмнето, а на паузата со предност од 14:15 замина Шампион.

Во продолжението гостите имаа контрола на резултатот, стигнаа до највисоките четири гола позитива но следуваше пад во играта. Тоа го искористи Кичево и успеа да се врати во игра и повторно да поведе. Во финишот Дебрешлиоски успеа да погоди за Шампион и конечен нерешен исход на дуелот.

Убедливо најпрецизен беше Мојсије Тасески во тимот на Кичево со 12 погодоци но и тоа не беше доволно неговиот тим да го освои целиот плен. Во тимот на Шампион стелец на девет гола беше Александар Велјановски, додека Христијан Сибиновски погоди осумпати.