Екипата на Шампион во 2. коло од плеј-аут фазата од Женската лига беше убедлива против составот на Кузман Вардар со 29:21.
Ракометарките на Александра Кузмановска добро се држеа во првите десет минути од натпреварот, додека во преостанатиот дел од првото полувреме, Шампион беше екипата која ја имаше контролата на теренот. Гостинската екипа уште во раната фаза започна сериозно да се одлепува, најчесто имаше водство од пет до шест гола разлика.
Избраничките на Слободан Чивлачки во последните минути од првото полувреме дозволија лесни погодоци во нивната мрежа. На полувреме резултатот беше 14:10 за екипата на Шампион.
Во второто полувреме со погодоците на Јовевска и Бојковска, Кузман Вардар намали на минус два, 13:15. На добрата серија на домаќинот, гостинската екипа возврати со два гола во низа за 17:13.
Сaмо пет минути траеше отпорот на Кузман Вардар во второто полувреме. Ракометарките на Шампион започнаа од минута во минута да го зголемуваат водството, а конечниот исход од средбата беше 29:21 за Шампион.
Најефикасни во победничката екипа беа Ангела Петровска со седум и Мила Филипова со шест погодоци. Во екипата на Кузман Вардар се истакнаа Мартина Стефановска и Сандра Јовевска со по четири гола.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА