Шампион ита кон плеј-оф, славеше и над Спартак

Екипата на Шампион ја оствари третата победа во Женската лига, откако во натпревар од 4. коло славеше убедливо против составот на Спартак со 39:30. Ракометарките на Шампион со новите освоени бодови ја презедоа втората позиција во групата А и се наоѓаат пред третопласираниот Чаир, кој има натпревар помалку.

Гостинската екипа од Кисела Вода успеа да парира само во првите петнаесетина минута и во останатиот дел од натпреварот домаќинките имаа целосна контрола на теренот. По нерешените 4:4, следуваше серија од 4:0 на Шампион за водство од 8:4. Спартак успеа да се врати во игра во последниот период од натпреварот, но во последните десет минути од првото полувреме целосно капитулираше и немаше решение како да ги запре разиграните Димитриевска и Митова. Двете ракометарки во првиот дел постигнаа вкупно 12 погодоци, а на полувреме резултатот беше 22:14 во корист за Шампион.

Идентична слика донесе и второто полувреме, во кое домаќинките ја диктираа играта и во ниту еден момент не дозволија да има опуштање во своите редови. Спартак во последните дваесетина минути остана без една од главните стрелци, Јана Ѓошевска, која поради три исклучувања заработи црвен картон и мораше да се пресели на трибините.

Предводнички во победничката екипа беа Симона Димитриевска со десет, Анастасија Митова со осум, Михаела Кралева со седум и Јана Велигденова со шест погодоци. Кај Спартак се истакнаа Зорица Андоновска со седум и Јана Ѓошевска со шест гола.

ЖЕНСКА ЛИГА ГРУПА А