Ракометарките на Шампион го победија составот на Гевгелија со 32-21 во натпревар од 4 коло во плеј-аутот од Женската лига.
Гевгеличанки одлично парираа во првото полувреме, во повеќе наврати водеа, но само една мала криза во играта во финишот, беше причина за Шампион да обезбеди високи плус пет, 15-10.
На стартот на вториот дел домаќинките веќе се одлепија на висока предност, 18-11 и беше јасно каков тек ќе има натпреварот.
Шампион до крајот не попушти во темпото и обезбеди висок триумф. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јана Велигденова со осум и Симона Димитриевска со шест гола, додека по пет погодоци за Гевгелија дадоа Драгица Митрова и Ивана Стојмановска.