Шампионското шишање на Ице Соколески (ФОТО+ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер славеше против Тиквеш со 33-26 во последното коло во Битола, и го крена пехарот.

По мечот во соблекувалната на битолчани, продолжи прославата на титулата, а тренерот на голмани, Ице Соколески, остана без коса.

Средниот бек Вилсон Дејвис беше „фризерот“, а членот на стручниот штаб на битолскиот клуб беше ишишан на „нула“.

Каква беше атмосферата во соблекувалната на битолчани, погледнете во следното видео…