Селекцијата на Хрватска допатува во Виена, каде ќе ги игра натпреварите од вториот круг на Европското првенство, а се надеваме дека и Македонија ќе и биде противник.
Хрватите се сместени во истиот хотел со македонските ракометари, па тоа беше прилика да се видат и вардарците кои беа дел од шампионските генерации на тимот.
Марко Мишевски, Мартин Поповски, Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Столе Стоилов, како и физиотерапевтот Димитар Маневски се потсетија на убавите моменти во минатото, а Карачиќ им посака среќа во битката против Австрија.