Ракометарките на Металург продолжуваат со одличните игри во Женската лига и на гостувањето кај Спартак остварија убедлива победа со двојно повеќе голови од противникот. Металург славеше 38:19.
Во првиот дел Спартак добро се држеше, постојано беше на три-четири негатива што им даваше надежи дека можат да сторат нешто во продолжението. По 30 минути актуелниот шампион имаше предност 16:12.
Спартак немаше сили до крај да се спротивстави на фаворитот, попушти во нивото на игра што гостинките од Автокоманда го искористија. Многу брзо стигнаа до двоцифрна предност, а до крајот рутински го приведоа мечот до нова победа.
Во тимот на Спартак најефикасна со четири гола беше Михаела Лазаревска, а во составот на Металург најдобра беше Јана Калајџиевска со осум погодоци.
СПАРТАК – МЕТАЛУРГ 19:38 (12:16)
Сала: ОУ Круме Кепески во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска. Делегат: Сашо Младенов.
Спартак: Андонова 1, Китановска 1, Костадиновска 3, Василева 3, Димитрова, Георгиевска 1, Стефановска 2, Величковска 1, Лазаровска 4, Кузмановска, Кимовска, Кимовска 1, Мартиновска 1, Домазетовска 1.
Седмерци: 1/3. Исклучувања: 4 мин.
Металург: Илјаз, Гугуљанова, Ивановска 2, Кркачева, Гулицоска 1, Тасевска 7, Смајлоска 2, Арсениевска 1, Алексоска 1, Темелковска, Дамчевска 4, Калајџиевска 8, Божиновска 7, Стефановска 2, Петковска 3, Паскал.
Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин.