Ракометарките на Куманово имаа рутински старт на новата сезона и на гостувањето кај Шампион во првото коло триумфираа лесно и убедливо со 22:29.
Рано на почетокот Кумановки направија убава предност од 1:7 и во продолжение ја контролираа играта. До крајот на првото полувреме имаа контрола на играта и резултатот и на полувреме има предност од 8:14.
На почетокот на втроиот дел Куманово имаше неколку исклучувања, а Џакмиќ уште во 36 минута зарботи црвен картон. Тоа го искористија домаќинките и успеаја да намалат на минус три, 14:17.
Сепак Куманово не дозволи пресврт и со ангажирана игра повторно се врати на безбедно водство и оствари триумф.
Најефикасна во победничкиот тим беше Наташа Нолевска со девет гола, а Ивановска и Кипријановска постигнаа по пет погодоци. Во тимот на Шампион, Нина Неделковска постигна пет погодоци.