Шампионот изненаден од Гепинген, Грањолерс го шокира Спортинг

Денес стартуваше 2. коло од Лига на Европа и во натпреварите, кои што се одиграа во термините од 17:00 и 18:45 часот, победа остварија екипите на Кадетен Шафхаузен, Гепинген, Ференцварош, Фленсбург, Грањолерс и Архус.

Актуелниот бранител на титулата, екипата на Бенфика пред својата публика беше поразена од Гепинген со 31:27. Бундеслигашот во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултатот и со новиот триумф дојде до 4 бодови на свое конто.

Изненадување направи и Грањолерс, кој на свој терен го совлада Спортинг со 34:29 и дојде до втората европска победа за оваа сезона, откако во претходното коло забележа триумф и над Балатонфуреди со 30:25.

Во групата Д, во која се наоѓа и македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, дански Архус без проблеми го совлада Мотор со 37:31. Одлична партија во дресот на Архус имаше Томас Арнолдсен со 12 погодоци. Во составот на Мотор листата на стрелци беше предводена од Игор Турченко со 10 погодоци.

ЛИГА НА ЕВРОПА, РЕЗУЛТАТИ

2. КОЛО

ГРУПА А

ВЕСПРЕМ ККФТ – КАДЕТЕН 25:33 (11:16)

БЕНФИКА – ГЕПИНГЕН 27:31 (11:16)

МОНПЕЛЈЕ – ТАТРАН 20:45ч

ГРУПА Б

ФЛЕНСБУРГ – ЕКС АН ПРОВАНС 30:25 (15:12)

ФТЦ – ИШТАД 37:34 (19:18)

БЕНИДОРМ – ВАЛУР 20:45ч

ГРУПА Ц

ГРАЊОЛЕРС – СПОРТИНГ 34:29 (17:12)

НЕКСЕ – БАЛАТОНФУРЕДИ 20:45ч

АЛПЛА ХАРД – СКЈЕРН 20:45ч

ГРУПА Д

МОТОР – АРХУС 31:37 (16:21)

ФУКСЕ БЕРЛИН – БИДАСОА 20:45ч

АГУАШ САНТАШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 20:45ч