Шампионките се разделија со тренерот, во новата сезона Куманово со нов стратег

Екипата на Куманово остана без тренер после освојувањето на двојната круна откако се раздели со стартегот Ненад Краљевски.

Иако постоела желба и на двете страни за да продолжат со соработката односно тимот да влезе и во новата сезона со истиот тренер, сепак, двете страни не успеале да се договорат.

Ова е причината поради која Куманово остана без тренер и сега ќе треба да најде нов стратег пред стартот на новата сезона.

„Имавме разговори со раководството за продолжување на соработката, но морам да заминам поради приватни причини. Му благодарам на раководството за досегашната коректна соработка, а на тимот му посакувам многу успех во иднина“, вели Краљевски за 24Ракомет.

Засега нема информации околу неговата иднина. Сè уште нема ништо околу нов клуб, но постои можност да остане во Македонија.