Екипата на Шамбери денес официјално ја објави новата соработка со актуелниот тренер Ерик Мате.
Францускиот суперлигаш, кој првиот дел од сезоната го заврши на 4. позиција во домашниот шампионат, реши и во иднина да соработува со искусниот стратег.
Двете страни се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност до 2027 година.
Мате во текот на 2018 година ја наследи тренерската функција во Шамбери, откако од клубот си замина екс селекторот на Македонија, Ивица Обрван.
Неговата работа и посветеност беа препознаени од страна на Ракометната федерација на Франција, па така Мате во 2020 година стана помошен тренер во таборот на „триколорите“.