Во рамки од 3. коло од плеј-аут фазата во шампионатот на Финска се сретнаа екипите на СИФ и АИФК, во кои настапуваат двајцата интернационалци од Македонија, Филип Чурлевски и Александар Тренчевски.
Победник во македонскиот двобој беше екипата на Чурлевски, која славеше со седум гола разлика, 29:22.
СИФ победата ја обезбеди уште по првото полувреме, кое го доби со 16:7, додека во вторите 30 минути лесно ја контролираше стекнатата предност од првиот дел.
Филип Чурлевски во победничката екипа беше меѓу најдобрите стрелци, постигна четири погодоци и подели неколку асистенции кон своите соиграчи.
Кружниот напаѓач Тренчевски на овој дуел двапати се запиша во листата на стрелци. Вториот ракометар од Македонија во редовите на АИФК, Илија Крстевски не се запиша во листата на стрелци.