Голманот Игор Чуприна се враќа во Татран Прешов со кој потпиша договор на три години.
Чуприна потпиша договор до јуни 2025 година, а ако навреме се завршат сите формалноси тренерот Радослов Антл би можел да го користи уште во претстојната полуфиналната серија против Спорте Хлоховец која започнува викендов.
„Сакав да се вратам и среќен сум што тоа се случи. Потпишавме договор на три години, но со претседателот се договоривме да останам до крајот на кариерата доколку се биде во ред. Немав многу време за размислување и одлучив да се вратам во Прешов кој е мој дом“, изјави Чуприна по потписот на договорот.
Во редовите на Татран тој пристигнува од Мотор Запорожје кој имал желба да го задржи.
„Сакам да се заблагодарам на сопственикот на клубот, мојот агент, но и на претседателот на Мотор што ја разбраа мојата ситуација. Иако сакаа да останам во Мотор, на крајот не ми правеа проблеми во заминувањето“, истакна украинскиот голман со словачки Пасош.
Авантурата во Мотор за Чурпина така се заврши после само неколку месеци откако во клубот пристигна во јануари.