Хрватска загуби од Аргентина со 23-19 и остана да виси за место во четвртфиналето, па не само што ќе треба да ја победи Данска, туку ќе треба да чека услуга и од конкурентите.
Селекторот Лино Червар поднесе оставка по срамниот пораз, а десното крило Иван Чупиќ е изненаден од таквата одлука.
„Изненаден сум од одлуката на Лино, ама тој најдобро знае дали ова е негов последен меч. Подобро е да не кажам ништо околу тоа. Во нападот го загубивме натпреварот, бевме многу лоши. Второто полувреме беше уште полошо. Постигнавме само три гола во 18 минути, немавме идеи, бевме во грч“, изјави Чупиќ.