Ракометарите на Загреб добија покана за настап на Ф4 два дена пред стартот, но обезбедија место во финалето.
Хрватскиот првак предводен од Иван Чупиќ на пенали го победи Мешков Брест, а во финалето ќе се сретне со бранителот на тронот, Веспрем. Чупиќ вели дека унгарскиот тим е поквалитетен, но дека се е можно.
„Против Мешков Брест беше вистинско полуфинале. Среќата нè посака, но заслуживме пласман во финале. Веспрем е екипа за која не треба да се зборува премногу. Финалето е финале, се игра еден натпревар. Ние треба да одиграме многу подобро отколку против Мешков и така треба да размислуваме. Се е можно, иако Веспрем е поквалитетен, финалињата не се играат, финалињата се победуваат“, вели Чупиќ.
Натпреварот меѓу Загреб и Веспрем се игра во СЦ „Крешимир Ќосиќ“ во Задар вечерва од 19:00 часот.