Хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ по мечот во регионалната СЕХА лига меѓу Вардар и Загреб, вторпат дојде во Скопје како ривал.
Тој со овации беше пречекан од сите присутни навивачи на „црвено-црните“ во „Јане Сандански“.
Чупиќ пет сезони го носеше дресот на Вардар и стана вистинска легенда на македонскиот шампион.
Од летото 2021 година се пресели во редовите на „плинарите“.
Пред стартот на мечот, Чупиќ доби пригоден подарок од навивачите на Вардар.