Чупиќ: Публиката во салите ќе ни недостига, но здравјето е пред сè

Ракометарот на Вардар кој после неколку години се врати во репрезентацијата на Хрватска, Иван Чупиќ е задоволен што повторно е во националниот тим, но има нешто кое му недостига.

Тој го дели мислењето на многумина дека недостигаат гледачите на трибините.

„Ќе ни недостигаат луѓето како и секогаш. Ќе ни недостигаат полни сали, секогаш една мотивација, секогаш едно ниво повисоко, но така е како што е. Се надевам дека ова ќе заврши што е можно побрзо. Пред сè за здравјето на сите во светот, а потоа и дека ќе тргне сè нешто малку подобро и во спортот бидејќи навистина навивачите, луѓето, публиката недостигаат. Но играва и за нив и се игра“, вели Чупиќ.

После натпреварот против Унгарија сега може да се посвети на работата со Вардар и подготовките за претстојните дуели со Келце во лигата на шампионите.